За Електрична патосница

Секој би сакал во долготрајните канцелариски работни часа да добие комфор и благопријатно чуство на топлина од подот. Голем број на административни канцеларии и јавни простории имаат централно греење каде што воздушната маса е затоплена, но студенилото на нозете го намалува чуството на загреаност и пријатност дури и во таквите добро загреани простории. Решение за таквото студенило е електричната патосница која се користи за затоплување на стапалата на нозете во простории каде што седите. Работната тембература на патосницата е 35 C и во зависност од потребите ги има во три различни димензии со моќност од 50 до 100 W. Поради малата потрошувачка таа е многу економична и енергетски ефикасна. Електричната патосница се напојува директно од штек, со тоа што има заштита од прегревање, механички удар и водоотпорност.