Еден од најголемите проблеми во зимските денови во бањата е нејзиното затоплување. Ако сакаме да ги затоплиме бањата и купатилото без многу потрошена електрична енергија треба да се заменат старите конвенционални греалку со електрични цевни регистри. Регистрите брзо се најдоа на врвот на најкористени радијатори благодарение на нивната функционалност и можности кои ги нудат. Електричните цевни регистри освен примарната задача за затоплување на просторот, истите се користат како грејни тела за сушење на вашите пешкири, освен тоа имаат голем естетски изглед во две бои, хромирани ел. Цевни регистри и регистри во бела боја. Регулацијата се врши преку електричен термостат до 60 C .Заради безбедност и долгорочна употреба цевните регистри се полни со антифриз до -15 C кој овозможува продолжување на животниот век од корозија на ел. цевен регистар. Поради лесната инсталација со прикачување на ѕид има два вида на регистри во заоблен и прав облик, освен тоа тие се во најразлични димензии