Лоцирана во центарот на Охрид, Дооел Светлина и Топлина е компанија со долгогодишно искуство обезбедувајќи врвен квалитет во електро-услужната и продажна дејност. Основана во 2003 година Светлина и Топлина е компанија која професионално ги исполнува потребите на правните и физичките лица. Наш приоритет е професионална услуга во било кое време.

Со повеќе од 15 годишно искуство во електро инсталатерски услуги, монтажа и сервис на електрични панели, 10 годишно искуство во продажба, монтажа и реализација на електрично подно греење и производство на електрични цевасти регистри. Продажба, монтажа, сервис и одржување на клима уреди, воздушни завеси и изведба на видео надзор и алармни системи. Освен овие производи во нашите простории можете да најдете широк асортиман од електро-инсталатерски материјали и уреди, секаков вид на осветлување (ЛЕД сијалици, штедливи сијалици и неонско осветлување). Тука се вклучени квалитетот на нашите производи и услуги со цел вие како наш потрошувач да останете задоволни и лојални.