Eлектричните инсталации се проектираат и изведуваат во сите станбени, деловни и индустриски објекти. Нашата компанија, со своето долгогодишно искуство во оваа сфера, ја нуди оваа услуга професионално, спрема највисоките стандарди, а истата се однесува на сите видови на инсталации и тоа:

- електроенергетски инсталации,
- громобрански инсталации,
- телекомуникациски инсталации
- сигнални инсталации.

Електроенергетските и громобранските инсталации спаѓаат во групата на инсталации со јака струја, додека телекомуникациските и сигналните инсталации се инсталации со слаба струја. Електроенергетските инсталации се изведуваат со цел да се обезбеди снабдување со електрична енергија на потрошувачот. Громобранските инсталации се поставуваат за да се заштитат луѓето и објектите од штетните дејства на атмосферското електрично празнење. Телекомуникациските инсталации овозможуваат пренос на податоци, а се појавуваат во следните видови: телефонски инсталации, инсталации за компјутерски системи, инсталации за интерна телевизија, инсталации за разглас, видео надзор и сл. Во сигналните инсталации спаѓаат: инсталации за електрични ѕвона, алармни уреди, инсталации за противпожарни системи, домофонија, инсталации за повик во хотелите и болниците, инсталации за системи за заштита од кражба и сл.