За Електрични конвектори

Електричните конвектори се изработени така што имаат присилно струење на воздухот низ нив, присилната циркулација ја вршат така што го земаат ладниот воздух од долната страна и со струење низ телото на конвекторот во кој има вградено греачи ладниот воздух за кратко време се затоплува и исфрла од горната страна. Со цел за заштеда на електрична енергија во самиот конвектор има поставено термостат кој му дава команда на гречот кога да работи, а кога е доволно затоплена просторијата да се исклучи. Електричните конвектори имаат совреме естетски дизајн кој е совршен за поставување во дневните и спланите соби.

Тие имаат голем спектар на моќност од 1 kW до 2.5 kW. Заштитениот греач со алуминиумскиот дифузер ја зголемуваат ефикасноста за 30 % во однос на другите панели. Исто така електронскиот термостат ја дава можноста на повеќе програмибилен избор од комфор, Економично,па се до Заштита од мрзнење. Лесната монтажа и можноста за поставување на подвижно постолје со тркала ги прави едни од најфлексибилните уреди за поставување во вашиот дом.