За Екофлор

Од сите системи за греење, вертикалната дистрибуција на температурата во просторијата кај подното греење е најблиска форма на греење до физиолошката дистрибуција на температурата во телото. Ecofloor е електрично подно греење кое овозможува идеална распределба на температурата во собите и при пониска циркулација на воздухот, кое исто така го намалува нивото на прашина. Овој систем на греење нуди висок комфор, економичност и долг век на траење, зачувување на слободната површина на подот, отсуство на разни грејни елементи како радијатори, цевки и др. Токму и како другите грејни системи дизајнирањето се базира на пресметката на топлинските загуби во објектот.



Правилата и нормите за здравјето на човекот ја ограничуваат температурната површина на 27 C. Бидејќи топлината се шири и вертикално и хоризонтално по пат на зрачење се остварува рамномерна распределба на температурата што претставува посебен вид на удобност. Инсталацијата на грејната простирка се врши над самата подлога од бетон во која предходно има поставено топлинска изолација. Ecofloor грејната простирка може да се постави под секаков вид на под кој е од цврст материјал, како што се керамички плочки, гранит, мермер, бекатон плочки. Напојувањето на грејната простирка во зависност од инсталираната моќност се приклучува преку регулатор на температура (термостат) или преку дополнителни автоматизирани релејни склопки кои овозможуваат заштеда на електрична енергија од 10-15 % во однос на традиционалните грејни системи.